Оди на содржината

Често прашувано

Прашања пред да дојдеш

Најчестите прашања што ги добиваме на телефон. За нешто специфично за твојата опрема — јави се.

Треба ли да закажам термин?

Да. Сите сервиси и поправки, вклучително и малите поправки, се со претходно закажување. Јави се или испрати порака преку контакт формата за да договориме термин пред да ја донесеш опремата.

Како ќе знам дека опремата е готова?

Ќе те известиме кога опремата е подготвена за преземање. При предавањето ќе ти објасниме што е направено и што да следиш понатаму.

Дали цената може да се смени во текот на сервисот?

Цената што ти ја кажуваме по прегледот е таа што ја плаќаш. Ако при растурање најдеме нешто дополнително, застануваме и се јавуваме — никогаш не работиме и не наплатуваме нешто што не сме го договориле.

Може ли да донесам свои делови?

Да, и ги монтираме без доплата на цената на услугата. Ако сакаш ние да нарачаме, ќе ти ја кажеме цената пред да потврдиш.

Како може да се плати?

Во моментов, плаќањето е само во готовина во работилницата.

Има ли гаранција на сервисот?

Да, на извршената работа. Ако нешто не е како треба по сервисот, врати се и ќе го поправиме без наплата. Гаранцијата на самите делови е онаа на производителот.

Може ли да чекам во работилницата?

За кратки работи како крпење гума или подесување менувач — да. За сè друго подобро е да ја оставиш опремата, бидејќи работиме на неколку сервиси паралелно.

Земате ли опрема од дома?

Во моментов не. Опремата се донесува и се презема во работилницата.

Не го најде одговорот?

Јави се или пиши, одговараме истиот ден.

Спремен за следната сезона?

Јави се или испрати порака преку контакт формата за да закажеш термин. Ќе ти кажеме точно што ѝ треба на опремата.

Сервис · Подготовка · Вози