Сервис на велосипеди во Скопје
Од основен сервис до комплетен сервис
Работиме на секаков велосипед — планински, гравел, патен, електричен и детски. Секој сервис почнува со преглед и завршува со кратко тест возење, за да си сигурен што добиваш.
Што сервисираме
- Планински (MTB, trail, enduro)
- Гравел и циклокрос
- Патни велосипеди
- Електрични велосипеди
- Урбани и трекинг
- Детски велосипеди
Делови и услуги за велосипед
Избери дел на цртежот или во списокот за да видиш што прави и кои услуги ги нудиме за него.
Пакети
Вклучените работи се потврдуваат по преглед на опремата. Дополнителна работа секогаш се договара претходно.
Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.
Основен сервис
Подесување на преносот и кочниците, проверка и подмачкување на велосипедот.
Цена 1.300 ден.
Вклучено
- Подесување на менувачи
- Подесување и проверка на кочници
- Проверка на врски и притегање
- Подмачкување на ланец
- Проверка на гуми и тест возење
- Препорачано
Комплетен сервис
Основниот сервис со детално чистење на преносот и проверка на склоповите.
Цена 2.500 ден.
Вклучено
- Сè од основниот сервис
- Чистење на предни запчаници, ланец, касета и менувач
- Проверка на лежишта, тркала и управување
- Финална проверка и тест возење
Сервис на преден амортизер
Сервис на предната амортизерска вилушка според нејзиниот модел и состојба.
Цена 3.000 ден.
Вклучено
- Преглед и чистење на вилушката
- Сервис според моделот и состојбата
- Проверка на функционирање и подесување
Цените се ориентациони и се потврдуваат по преглед на опремата.
Дополнително
Поединечни услуги, за кога не ти треба цел пакет.
Рамка и составување
| Пакет / услуга | Цена |
|---|---|
| Составување велосипед од кутијаЦената може да варира според типот на велосипед. | 2.000 ден. |
| Составување велосипед од рамка со сопствени компоненти | 4.000 ден. |
| Сервисирање на линкови на велосипед со целосна суспензија | 1.200 ден. |
Вилушка и амортизација
| Пакет / услуга | Цена |
|---|---|
| Замена на вилушка | 1.000 ден. |
Тркала и гуми
| Пакет / услуга | Цена |
|---|---|
| Центрирање на тркалопо тркало | 500 ден. |
| Tubeless конверзијапо тркало; вентилите не се вклучени | 1.300 ден. |
| Замена на жица | 400 ден. |
| Поправка на предна осовина | 400 ден. |
| Замена или поправка на задна осовина | 500 ден. |
| Замена на гума | 200 ден. |
| Плетење тркало со центрирање | 1.500 ден. |
Пренос и менувачи
| Пакет / услуга | Цена |
|---|---|
| Подесување брзини | 600 ден. |
| Подесување Di2 / AXS | по договор |
| Замена на педали | 250 ден. |
| Замена на ланец | 300 ден. |
| Замена на касета или запчаник | 300 ден. |
| Замена на менувач со подесување | 600 ден. |
| Замена на ушка | 500 ден. |
| Замена на среден погон | 500 ден. |
| Чистење на преносотпредни запчаници, ланец, касета и менувач | 1.000 ден. |
Управување и седиште
| Пакет / услуга | Цена |
|---|---|
| Замена на гарнитура за управувањесамо работна рака | 700 ден. |
| Замена на стем | 500 ден. |
| Замена на колче за седиште | 250 ден. |
| Сервис на dropper колчеспоред типот на колчето, по преглед | 2.000 ден.или 3.500 ден. |
Сајли и кошулици
| Пакет / услуга | Цена |
|---|---|
| Замена на кошулица со надворешно водење | 300 ден. |
| Замена на кошулица со внатрешно водење | 500 ден. |
| Замена на сајла со подесување — надворешно водење | 300 ден. |
| Замена на сајла со подесување — внатрешно водење | 700 ден. |
Кочници
| Пакет / услуга | Цена |
|---|---|
| Замена на течност во кочницапо кочница | 700 ден. |
| Замена на пакни за диск-кочница со подесувањепо тркало | 350 ден. |
| Замена на V-brake пакнипо тркало | 300 ден. |
| Подесување кочниципо тркало | 300 ден. |
| Замена на рачка за кочница | 400 ден. |
| Комплетен сервис на кочен системпо кочница; замена на масло и чистење на целиот кочен систем | 1.500 ден. |
Често прашувано
Колку често треба комплетен сервис?
За возење неколку пати неделно — еднаш годишно, најдобро пред почетокот на сезоната. Ако возиш по кал и вода често, лежиштата бараат внимание и по шест месеци.
Дали морам да ги купам деловите кај вас?
Не. Можеш да донесеш свои делови и ние ги монтираме. Ако нарачаме ние, ќе ти кажеме цената пред да потврдиш.
Сервисирате ли електрични велосипеди?
Да — целата механика, преносот и кочниците. За конкретен модел и потребната механичка работа, јави се претходно.
Велосипеди
Совети
- Кога навистина му треба сервис на велосипедотКилометрите не се единствената мерка. Ова се знаците што ги гледаме секој ден во работилницата и што значат. 1 мин. читање
- Кога хидрауличните кочници бараат одвоздушувањеМека рачка не значи секогаш воздух во системот. Како да ја препознаеш разликата пред да платиш за погрешна услуга. 1 мин. читање
Спремен за следната сезона?
Јави се или испрати порака преку контакт формата за да закажеш термин. Ќе ти кажеме точно што ѝ треба на опремата.
Сервис · Подготовка · Вози
