Оди на содржината

Речник

Делови и услуги за велосипед

Запознај ги деловите

Цртежот бара графика во прелистувачот. Списокот со делови подолу работи и без него.

Хардтејл · Диск

Тип на рама

Тип на кочници

Рамка

Рамка

Главната конструкција што ги поврзува тркалата, вилушката и останатите компоненти. Геометријата ја одредува положбата на возење.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Сајли и кошулици

Сајли и кошулици

Ја носат командата од рачките до кочниците и менувачот. Стари сајли значат тврди рачки и лениви брзини.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Погон

Ланец

Го пренесува вртењето од педалите на задното тркало. Се троши и се растегнува; истрошен ланец ги јаде и запчаниците.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Касета (запчаници)

Пакетот запчаници на задното тркало. Помал запчаник — потешко, побрзо; поголем — полесно качување.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Менувач

Го префрла ланецот меѓу запчаниците и го држи затегнат. Ако брзините прескокнуваат, обично тука се подесува.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Курбла

Рачките на кои се закачени педалите. Ако „клика“ при силно вртење, обично е тука или во средното лежиште.

Преден запчаник

Големиот запчаник до курблата. Забите со време се острат и ланецот почнува да прескокнува.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Педали

Едноставни, но имаат лежишта што се трошат. Ако се лулаат странично, лежиштето е отишло.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Среден погон

Лежиштето низ кое минува осовината на курблата. Скриено е, па често се открива дури кога ќе почне да чкрипи.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Ушка за менувач

Го поврзува задниот менувач со рамката. Искривена ушка може да го наруши менувањето брзини.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Шалтер за брзини

Командата на воланот со која се менуваат брзините. Може да работи со сајла или електронски систем.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Кочници

Рачки за кочница

Ја пренесуваат командата за кочење преку хидраулично црево или механичка сајла, зависно од кочницата.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Кочничка клешта

Ги стиска плочките околу дискот. Ако трие при вртење, обично само треба порамнување.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Диск

Металниот диск на главчината. Ако е искривен, ќе слушнеш ритмично стружење при секој круг.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Пакни за диск-кочница

Се наоѓаат во клештата и го притискаат дискот за да го забават тркалото. Формата мора да одговара на моделот на кочница.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Хидраулично црево

Ја пренесува силата со течност од рачката до клештата. Не е исто со механичка сајла и кошулица.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

V-brake кочница и пакни

Две рачки ги притискаат пакните на страните од обрачот. Се активираат со механичка сајла, без хидраулична течност.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Управување и седење

Волан

Ширината и подигнатоста ја одредуваат положбата на телото. Помала промена тука се чувствува веднаш.

Стем (лула)

Го спојува воланот со вилушката. Ако воланот се врти а тркалото не — лулата е олабавена.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Гарнитура за управување

Лежиштата на кои се врти вилушката. Тропање при кочење напред обично доаѓа од тука.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Седиште

Висината е поважна од мекоста — премногу ниско седиште ги оптоварува колената.

Колче за седиште

Ја држи висината на седиштето. Ако пропаѓа при возење, стегачот или потпирачот се истрошени.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Грипови

Површините на краевите од воланот каде ги држиш рацете. Помагаат за сигурен фат и удобност.

Dropper колче

Телескопско колче што го спушта и крева седиштето преку команда. Сервисот зависи од моделот и типот на механизмот.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Тркала

Обрач

Металниот прстен што ја држи гумата. Ако тркалото „игра“ странично, обрачот се центрира.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Жици

Тркалото го држи затегнатоста на жиците, не самиот обрач. Една лабава жица го расипува целото тркало.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Главчина

Центарот на тркалото, на лежишта. Ако тркалото се лула кога е подигнато, лежиштата се готови.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Гума

Притисокот е поважен од шарата. Премал притисок значи дупнати гуми и тежок од.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Предна осовина

Го поврзува предното тркало со вилушката. Димензијата и начинот на прицврстување зависат од тркалото и вилушката.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Задна осовина

Го прицврстува задното тркало во рамката. Соодветниот стандард зависи од рамката и главчината.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Вентил

Преку него се пумпа гумата. Кај tubeless системот вентилот е заптиен во обрачот, без внатрешна гума.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Амортизер

Цевки на амортизер

Мазните горни цевки што влегуваат во амортизерот. Гребнатина на нив значи дека заптивките ќе пропуштаат.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Долен дел на амортизер

Долниот дел што ги држи тркалото и заптивките. Внатре има масло што сака периодична замена.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Заптивки

Го држат маслото внатре и прашината надвор. Ако забележиш масло по цевките, тоа е знакот.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Вилушка

Го држи предното тркало и се врти во гарнитурата за управување. Амортизерската вилушка ги ублажува ударите.

Цените се за работна рака, освен ако не е поинаку наведено. Деловите и потребните материјали се договараат одделно.

Сервисни пакети

Сервисни пакети и услуги за кои не треба да избираш поединечен дел.